Уште едно момче избега од домот за малолетнички деликвенти

Јавноста се уште чека информација дали малолетната девојка што исчезна од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, е најдена и вратена, а веќе втор штитеник снемува од институцијата.

Имено, на 24 март околу 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека од домот се оддалечил штитеникот К. Д. (15) од Кавадарци, кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти полицијата.

Ова се случува десетти ден откако е исчезната малолетната Д.Л. Од до сега објавените единствено е познато кога исчезнала:

-На 19.03.2020, во 13:00 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение на улица „Анте Хаџимитков“ во Скопје се оддалечила нивната штитеничка. Станува збор за Д.Л.(17) од Скопје, стои во соопштението од МВР.

Ова не е прв ваков случај. Штитеници на оваа здравствена установа исчезнувале и по неколкумина за само една недела. До сега јавноста нема слушнато за соодветна стратегија од надлежните за одржување на безбедност и спречување на вакви несакани инциденти. И повторно следува истото прашање: одговара ли некој за ваквите состојби во домот?