Уште едно место за уживање: Погледнете го од висина вториот по големина парк во Скопје (фото)

Најголемиот парк во Општина Аеродром на површина од 100.000 квадратни метри.

Покрај огромната површина парковско зеленило и садници, новиот парк содржи трим патеки, чешми за пиење вода, клупи, канти за отпадоци, летниковци, жардиниери, повеќенаменско спортско игралиште, две детски игралишта, хидрантска мрежа, како и осветлување со над 150 канделабри. Есенва се очекува во паркот да се насадат и околу 600 дрвца.