Уште едно кругче на Панорамата и ќе јадеме шеќерна волна и јаболка

Се сеќавам заедно со мајка ми и татко ми кога се шетавме низ Градскиот парк, по возењето на Панорамата задолжително се частевме со шеќерна волна и карамелизирани јаболка, и денеска кога ќе се прошетам низ центарот на Скопје и кога ќе ги видам овие шеќерни слатки ме навраќаат во детството и убавите спомени.

Бела, сина, розева...се радував на шеќерната волна ги молев моите да ми купат, откако ќе се изнавозам на вртелешките и количките во Луна паркот. Тој вкус ме потсетува на едно детство кое заврши можеби прерано.

И колку и да остарам, никогаш нема да престанам да јадам зашеќерени, карамелизирани јаболка. Засекогаш, ќе ми останат метафора за спокојот кој го чувствувам додека пешачам, додека откривам нови улички низ Скопје, и истовремено ме освојува еден неповторлив вкус…