Уште една зелена оаза во Центар

Центарци ќе добијат уште една зелена оаза! Просторот спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на булеварот „Св.Климент Охридски“ започна да се реконструира, а според предвиденото повеќе од 420 садници ќе бидат насадени во новата зелена оаза. 

Нова јанва зелена површина, ветија од Општина Центар, со површина од 650 квадратни метри. На формирањето на новото паркче веќе почна да се работи. На местото на постоечкото игралиште и паркинг, ќе се засадат 420 нови садници од 9 различни видови. Дел од нив ќе бидат зимзелени, дел зимзелени грмушести, дел листопадни, а дел цветни. 12 јавори ќе ја направат сенката во паркчето со нивните крошни во вид на чадор, поставени врз квадратна основа. Просторот ќе биде покриен со тревен бусен, а наводнувањето ќе биде автоматско. Се очекува проектот да биде готов на пролет.