Уште една вечер на лажни попусти во Skopje City Mall

Флаери со листа на производи со попуст што кога ќе влезете во продавниците „само што се потрошиле“, реклами со попусти најчесто определени „до“ некој поголем процент, како и лажни проценти за попустот да изгледа поголем се трите најчести финти на трговците да ги натераат потрошувачите да влезат во дуќаните.

Граѓаните често се жалат дека кај нас нема вистински распродажби, како во соседните држави, каде што одат за да купат производи во висина на едноцифрена сума во евра. Сепак, познавачите на пазарот велат дека пазарот ја диктира понудата. За она што се нуди тука треба да внимаваат на неколку моменти.

"Дали сте спремни за најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во светот? Повелете на ★BLACK FRIDAY★ во Скопје Сити Мол!!!" - токму вака помпезно се најавува Black Friday во најголемиот шопинг центар во Скопје. Инаку, тоа е денот кога во светот купувачите имаат единствена можност да ги купат своит омилени производи по навистина ниски цени.

Но, тоа е светот. Во Македонија сликата и реалноста е многу поразлична. Скопјеинфо често пишува за лажни и фиктивни попусти и за ефтини маркетиншки трикови со кои трговците се обидуваат да го привлечат вниманието на купувачите.

Се чини дека ефектот е сосема спротивен: на терен често може да се забележи револ, нервоза и нетрпение. Неодамна ве една анкета која ја направи нашата редакција потрошувачите во Skopje City Mall речиси едногласно констатираа дека во ниту една продавница нема реален попуст, се е сведено на лаги, маркетинг и трикови со кои трговците се обидуваат да ги привлечат купувачите.

Рекцијата на иституциите е слаба. Но, со цел да направиме некакви промени ве потикнуваме во Државниот пазарен инспекторат да ги пријавите сите забелешки и нерегуларност. Телефонскиот број е 02/3220-547.

А, ние се обврзуваме дека на секој трговец кој што ќе докаже реален попуст да му обезбедиме гратис реклама на најчитаниот градски информатор.