Уште една трагедија на скопските улици

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, а во пет од нив направена е само материјална штета, додека во останатите со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца пешаци и еден патник во автобус.

За жал, се случила и една незгода во 6 часот и 20 минути на автопатот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром, во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кратово. По незгодата повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде и покрај укажаната помош еден сопатник им подлегнал на повредите, а на двајцата возачи и на двајца сопатници им биле констатирани телесни повреди.

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.