Уште една несреќа во Чаир: Маж паднал од зграда

Вечерва во 19 часот и 10 минути е пријавено дека на улица Џон Кенеди бр.1 во Скопје пред зградата лежел маж, кој според пријавеното паднал од третиот кат на зградата.

Од полицијата утврдиле дека станува збор за 34- годишниот Ф.Ш кој живее во стан на третиот кат во оваа зграда.

Отаму со возило на Итна медицинска помош е однесен во Ургентен центар, а на лице место се излезени полициски службеници кои преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.