Уште една немирна ноќ во Скопје, вести за кражби, тепачки и напади постојано го полнат полицискиот билтен, па така и синоќа, се случил грабеж при што вработена во аптека на Зегин преживеала хорор.

Според податоците од полицијата, во 21 часот и 30 минути на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ поточно во аптека “Зегин“, непознато маскирано лице, влегло внатре и со закана со тврд предмет од вработената одзело засега неутврдена сума на пари по што избегало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.