Уште еден земјотрес во Скопје - магнитудата повисока од утринскиот

Земјотрес со интензитет од 2,1 степен според Рихтер вчера пред полноќ бил регистриран во Скопје. Според информациите од европската макросеизмичка опсерваторија, потресот бил регистриран во 23:40 часот.

Епицентарот бил непосредно до Смилковското Езеро на 5 километри североисточно од Скопје.

Рано утрово апаратите на сеизмолошката опсерваторија регистрираа уште еден земјотрес со интензитет од 1,6 степени.