Уште еден инцидент во трговски: Скопјанец итно на Клиника

Во 01 часот и 36 минути од Ургентен центар “Мајка Тереза“, синоќа било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице. Според податоците од полицијата, се работи за 27-годишниот А.А. од Скопје кој бил повреден при физички напад.

Инцидентот се случил во Трговскиот Центар „Чаирчанка“. 

Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на младиот скопјанец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.