Уште денес сонце, па доаѓа невреме ширум Македонија

Утре кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд и со ретка појава на грмежи.

Во четврток, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно  со пороен дожд и. грмежи. На места ќе има услови за невреме проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.