Уредување на зелените површини на повеќе локации во Скопје

Периодов се врши прекопување и реконструкција на зеленилото на повеќе локации низ јавните зелени површини низ градот.

Се работи на рачистување на теренот, изнесување на шут со камиони и копање на канали за инсталирање на систем за полевање на зеленилото. Етапно се инсталира целосно нов систем за полевање и водоводна инсталација, и тоа во должина од 130 метри на зеленилото на бул.„Видое Смилевски Бато“ и на ул.„Втора македонска бригада“. На ул.„Методија Митевски“ се извршува расчистување на теренот, изнесување на шут и поставување на систем за полевање во должина од 300 метри. Паралелно овие активсноти се извршуваат и на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ каде се уредува тревната површина во должина од 300 метри и се поставува систем за полевање во должина од 400 метри.

Истовремено, на двете локации во првиот дел на Градски парк се работи на реконструкција на тревната површина, со ископување на канали и поставување на нов систем за полевање во должина од 200 метри и поставуавње на прскалки. Овие работни задачи екипите ги извршуваат етапно, во зависност од временските услови.