Урбан херој и пример: Ведар и расположен дуќанџија, секој ден ја чисти улицата покрај неговата семкара

Дуќанџија од Карпош 4, секое утро ја чисти улицата, тротоарот и целата автобуска постојка покрај неговата семкара.

-Секое утро без исклучок, овој човек инаку сопственик на портокаловата семкара на автобуската станица наспроти ТЦ Антико во Карпош 4 го чисти тротоарот, целата автобуска постојка, па дури и самата улица...А ако дојдете вечер да купите семки, сончоглед или кикирики дури и во 22ч повторно ќе ве дочека истиот лик со зборовите: „Повели комшија!“ Ако веќе бараме урбани херои и пример за граѓанска и работна етика, еве еден кој со дела покажува што значат еснафски манири, пишува во својот Фејсбук статус скопјанецот Ѓоко Парго.