УПАТСТВО: Како да одгледате лимоново дрво во чаша?

Дали знаете дека во истата чаша во која сте го испиле свежо исцедениот лимон можете да си посадите вистинско лимоново дрво? Погледнете како...

1. Одберете ги најголемите семки од лимонот и исчистете ги од надворешни кожички.

2. Прелијте ги со вода и оставете ги  6-7 дена, а водата менувајте им ја секој ден.

3. На дното од чашата или малата саксија ставете неколку каменчиња, а потоа наполнете со влажна земја. Семките се ставаат во земјата со шилестиот крај на долу, а помеѓу нив се остава простор од 5 mm.

4. Потоа семките се прекриваат со крупен песок или чакал.

5. Површината прскајте ја со вода на секои 2-3 дена со цел да го потпомогнете растот. За 7-8 дена веќе треба да се појават првите стебленца.

6. После 3-5 месеци кога стебленцата ќе пораснат, одберете ги најубавите и најсилните и пресадете ги во поголема саксија. За да може да роди со плод, дрвото мора редовно да го калемите и да му ја пружите соодветната нега.