Уништена урбана опрема во парк шумата Гази Баба, градоначалникот револтиран: Жалосно е што сме сведоци на дивјаштво!

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, на својот профил на Фејсбук прикачи фотографии, на кои е уништена урбаната опрема и реквизитите во парк шумата Гази Баба.

„Жалосно е што се почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно била поставена на местата каде граѓаните најчесто рекреираат. Изминатиот викенд спроведовме заедничка акција за чистење на Парк шумата Гази Баба, а започна и обновата на урбаната опрема и реквизитите, но за жал само за неколку дена се уништени. Се прашувам, до кога ли? Кому му е толку мерак да уништи нешто што е поставено и за него? Наместо да се одржува и чува она што веќе го имаме, се повеќе се уништува“, прашува Георгиевски.