Умот може да биде најдобар пријател, но и најлош непријател

Мислите стануваат реалност. Ние свесно или потсвесно секогаш размислуваме за нешто. Проблемот е во тоа што обично мислиме на работите на кои не сакаме, отколку на оние кои ги сакаме.

Не е важно дали сакаме или не сакаме нешто, ние ќе го добиеме она за кое најчесто размислуваме. Обидете се да ги анализирате своите мисли, барем на еден или два дена. Дали најчесто да размислувате за грижите и работите кои не сакате да случат, за околностите од кои се плашите или за размислувате за убави и прекрасни нешта?

Вашата сегашна ситуација е резултат на состојбата на ум која преовладувала кај вас во минатото. А вие токму во овој миг ја создавате иднината. Вашата иднина ќе биде како вашата сегашна состојба на ум. Минатото било и си отишло. Вие не можете да го промените тоа, но ако баш сега се навраќате на несреќното минато и не се чувствувате добро во моментот, тогаш вие создавате несреќна иднина. Со оглед на тоа дека иднината ја создавате сега, само сегашноста е важна.

Ако сега имате среќен и позитивен ум, вие создавате среќна и позитивна иднина. Тоа се вика Законот на привлечноста. Можете да привлечете сѐ што ќе посакате во вашиот живот: среќа, богатство, совршено здравје, љубов и прекрасни односи.

Но, можете да привлечете и работи кои не ги сакате. Всушност, цело време потсвесно го правиме баш тоа. Затоа што вие сте енергија и вие сте како магнет. Сѐ е енергија: Вие, вашиот ум и вашето тело.

Но, можете да го контролирате своето тело, а можете и да го контролирате својот ум. Вашиот ум може да биде ваш најдобар пријател или најголем непријател. Ако не го контролирате својот ум и дозволите негативните мисли и чувства да преовладуваат, тогаш умот е ваш најголем непријател, затоа што тоа ја создава вашата несреќна иднина. Ако можете да го контролирате вашиот ум, тогаш тој станува вашиот најдобар пријател со кого ќе ја создадете среќната иднина.

Животот на повеќето луѓе е мешавина од среќа и несреќа поради променливата состојба на ум. Познавајќи го и разбирајќи го Законот на привлечноста, можете да почнете да ја создавате вашата среќна иднина и да бидете сигурни дека ќе го добиете она што го сакате во животот.

Луѓето како Платон, Њутон, Бетовен, Шекспир, Ајнштајн и многу други живееле во склад со овој Закон на привлечноста, додека тој сѐ уште бил тајна за повеќето луѓе. Научете и читајте повеќе за Законот на привлечноста и ќе видите дека не е толку тешко да ги остварите своите соништа и желби.