„Силна е, но исцрпена“.

Уморна сум, но дури и тоа е премногу обичен, преплиток опис за уморот кој лежи во коите коски. Јас сум исцрпена од тоа што морам да бидам силна, од сликата дека држам сѐ под контрола и од тоа дека морам на сите да им бидам сѐ.

Никогаш не посакувам да бидам таква жена, но се чини дека низ горките избори и слатките идеализации, трудејќи се да не повредам никого, се најдов себеси истрошена и изгубена, прашувајќи се дали еден ден некој таму ќе биде покрај мене на начинот на кој и јас бев покрај другите.

Можеби тоа се случи по грешка, затоа што најголемата иронија е во тоа што кога другите ме гледаат, тие ме гледаат како силна жена. Тие ме сметаат за компетентна и способна, но јас никогаш не би се нарекла така, затоа што додека другите ме гледаа како стабилна и силна, јас всушност треперев во себе.

Се обидував, навистина. Секое утро, покрај исцрпеноста, уште еднаш да се обидам. Дури и кога ми паѓаат рамената, а очите ми се замаглуваат од солзи, јас вдишувам длабоко и си велам самата на себе дека сѐ ќе биде во ред – без оглед на тоа дали верувам во тоа или не.

Претпоставувам дека се обидував да бидам силна пред да сфатам како ги нарекуваат жените како мене: силни, независни, доволни самите на себе. Звучи убаво, зарем не? И претпоставувам дека нам ни е кажано дека тоа е она што би требало да станеме и тогаш не е изненадување што ги зрачиме тие карактеристики.

Но, кој е проблемот со оваа преедноставна дефиниција за жената? Светот всушност ни верува.

Не сум запознала ниту една од овие „божици“ кои понекогаш не сакале помош и некој да ги води. Не сум запознала ниту една која не копнее по некој на кој може да се потпре, знаејќи дека таа не мора да биде ништо друго освен тоа што е.

Вистината е дека можеме колку сакаме да велиме дека не ни требаат мажи или борци, н реалноста е дека тоа го збориме затоа што се обидуваме самите да се убедиме во тоа.

Поуката која можеме сите да ја извлечеме од ова е дека нема ништо срамно во тоа што ни е потребен некој. Нема ништо погрешно во тоа да речеме: „Не можам сѐ да направам сама.“ Нема ништо погрешно во тоа да мислиме дека две силни срца се подобри од едно.

Толку сум уморна. Уморна сум од тоа да го живеам овој идеал. Едноставно, уморна сум од тоа што сум силна. Копнеам некој да се грижи за мене, не финансиски, затоа што никогаш не сум се грижела за тоа, но сакам силна рака околу моите рамена, некој кој може да ме држи во прегратка, без оглед на бурата низ која сум поминала тој ден.

Доста ми е од преправање. Не сакам повеќе да се преправам дека сум толку страшна. Завршив со мојата улога на силна жена, кога многу почесто не сум силна и чувствувам како тоа да не сум јас.

Не смееме да занемариме кои сме и што заслужуваме како жени, но нешто треба да кажеме и за прифаќањето на тоа кои сме и што чувствуваме. Секогаш бегав од тоа и постојано се преправав дека сум силна.

Се откажувам. Не затоа што згрешив, туку затоа што научив. Завршив со обидување. Повеќе нема да бидам непогрешливата жена која делува дека може да направи сѐ, без оглед на тоа дали е на работа, дома или во социјалниот живот – не можам повеќе да го правам тоа.

Не можам да се преправам дека ја имам таа способност да правам сѐ и тоа со насмевка на лицето. Не можам да се преправам дека не ми треба никој – тоа е сѐ што сакам. Поентата на животот не е да глумиме нешто што не сме сѐ додека не станеме тоа, туку да бидеме она што сме и да се подготвиме да се бориме за она што го сакаме.

Станува збор за чувствување, а не за размислување и тоа едноставно е предавање на страста во нашето срце и меките рамена кои ни делуваат како засолништа секојпат кога ќе се потпреме на нив. Без тие работи, која е поентата на животот?

Колку повеќе проаѓа времето, толку повеќе станувам имуна на тоа да бидам она што сакаат другите да го видат. Можеби и бев добра во тоа, но во овој момент едноставно уморна сум од тоа да се преправам дека сум силна.

Не сум слаба, но понекогаш дури и на најсилните им е потребен некој.

Гледам каде сум сега.

Зарем на сите не ни е потребен некој кој е малку посилен од нас? Некој кој може да не бакне таму каде што нѐ боли и да не прегрне како ништо друго да не е важно.

Некој кој може да нѐ потсети дека не мораме цело време да бидеме толку силни.