Уметноста на малите чекори...

Господе, не те молам за чуда, туку за сила во секојдневниот живот. 

Научи ме на уметноста на малите чекори. 

Направи да бидам сигурен во раздвојување на времето.

Подари ми чувствителност и мудрост за да сфатам што е повеќе, а што помалку важно.

Те молам за разум за самоконтрола и мера, да не се лизгам низ животот, туку разумно да одредувам дневен распоред, да забележам светлина и врвови, да најдам време за убавина, уметност и култура.

Дозволи ми да спознаам дека соновите за минатото и иднината не водат далеку. Помогни ми добро да делувам, сегашниот момент да го препознаам како најважен.

Заштити ме од наивниот став дека во животот сѐ мора да помине добро.

Подари ми талент за трезвеното спознание дека тешкотиите, неуспесите и ударите се постојани следбеници во животот, преку кои растеме и созреваме.

Потсети ме дека срцето често го заматува разумот.

Секогаш ќе дозволам Ти и другите луѓе да ми зборуваат. Вистината не можеме да си ја кажеме самите на себе, таа ни ја кажуваат другите.

Ти знаеш колку ни е потребно пријателство. 

Дозволи ми да бидам дораснат на тој најубав, најчувствителен подарок.

Дај ми доволна фантазија за во вистинскиот момент, на вистинската адреса да пратам пакет со добрина, со пропратно писмо, а може и без него.

Направи од мене човек кој ќе допира длабоко, како бродот, за да ги допре и оние кои се „под“ површината.

Ослободи ме од стравот дека го пропуштам животот. Не ми го давај она што го сакам, туку она што ми треба.

Научи ме на уметноста на малите чекори.

Антоан де-Сент Егзипери, „Умерноста на малите чекори“