Уметноста да ги прочитате другите луѓе: Како да го читате говорот на телото?

Во последните неколку години се повеќе се зборува за говорот на телото и колку е тој значаен во нашата комуникација со луѓето. Говорот на телото секогаш открива многу повеќе отколку што сакаме да открие, но истовремено ни помага нам да ги откриеме другите луѓе.

Со малку повеќе вежбање и читање, можеме сосема да ја усовршиме уметноста да ги читаме другите луѓе. Говорот на телото, како и уметноста на читањето на другите луѓе, не е егзактна наука. Не постојат строги и брзи правила кога треба да се прочитаат некажаните намери на другите луѓе. Дури и научниците кои биле тренирани за да ја добијат оваа вештина прават грешки, особено кога се соочуваат со луѓе кои внимаваат на својот говор на тело.

Како да ги читате другите луѓе?

Одредени човечки сигнали ги разбираме инстинктивно. Замислете како гледате низ прозорецот и набљудувате случаен минувач кој брзо оди по тротоаот, навалувајќи се напред со рацете обвиткани околу телото. Вашата иницијална реакција сигурно ќе биде дека надвор е ладно и ветровито.

Во разговор еден на еден, личноста којашто седи со скрстени раце испраќа сигнал дека го бранат својот личен простор, иако таа личност може да биде и уморна или можеби и е ладно.

Истражувачите велат дека чувствата се случуваат пред нашите мисли. Таа временска разлика се мери во наносекунди, но тоа тоа е доволно време за човекот да ја препознае гладта, лутината, нетрпеливоста или среќата на друг на потсвесно ниво.

Експертите велат дека луѓето многу се добри за брзо распознавање на однесувањето на другиот и тоа го прават уште пред да биде изговорен еден збор. Луѓето инстинктивно прават контакт со очите кога ќе сретнат друг човек. Луѓето несвесно го одмеруваат пулсот, ставот и изразот на другата личност.

Иако некои возрасни луѓе научиле како генерално да ги контролираат основните изрази на лицето, сепак очите многу откриваат. Кога личноста гледа во очите на некој кому таа се одушевува, нејзините зеници можат да се зголемат. Истото важи и кога ќе видат предмет кој им се допаѓа. Една од најчестите работи кои луѓето ги забележуваат кај другите се нивните раце. Отворените дланки и затворените тупаници можат да кажуваат се што некој сака да знае во одреден момент.

Како да го искористите говорот на телото во ваша корист?

Сите сме го направиле ова некогаш. Седите со вашата драга тетка и разговорот ви ее многу досаден. Вие навистина многу ја сакате и не сакате да и ги повредите чувства, па затоа се смешката и климате со главата додека таа си зборува. Се наведнувате кон неа, ја гледате во очите и ја допирате нејзината рака. Сите овие знаци укажуваат на љубезност и наклонетот. Кога е време да си одите, вие го гледате часот и со вашите нозе веќе сте свртени кон излезот.

За да оставите позитивен впечаток, смејте се кога се запознавате со некого. Обврнете внимание на вашиот став и стоете или седете исправено и мирно. Ако се префрлате од една на друга нога, тоа може да остави впечаток дека сте нервозни и дека ви е неудобно. И секогаш гледајте ги во очи луѓето со кои се поздравувате.

Говорот на телото не е читање мисли, ниту пак може да ви каже што мисли другиот. Кога внимателно ги читате луѓето, говорот на телото ви помага да ја разберете несвесната намера на другиот.