Уметници од Европа на Меѓународниот фестивал „Урбан фест“

Артисти од Германија, Бугарија, Холандија, Португалија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија ќе учествуваат на Меѓународниот фестивал за улична уметност за живите статуи „Урбан фест“, кој денеска и утре ќе се одржува на скверот „Јадран“ во општина Центар. 

Општина Центар го поддржува фестивалот, кој ќе почне вечер во 20 часот на скверот „Јадран“. Вo сабота фестивалот ќе трае преку целиот ден, а крајот ќе го заокружат диџеите Маци и Оги.

Вo сабота, за време на концертот на „Летечки пекинезери“ ќе настапат и артисти од „Европски статуа проект“, а граѓаните ќе ги забавува и музичката група „Фолтин“.

Вообичаеното донирање во шапките на артистите ќе биде наменето за лекување на самохраната мајка Наташа, која боледува од рак.