Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на Скопско лето и во соработка со Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС), ќе ја отворат изложбата „УЛУС / Слики-скулптури-графики“ која ќе се отвори утре во 20:30 часот во галерискиот простор на НЛБ Тутунска Банка.

Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС) една е од најстарите организации на Балканот, основана во 1919 година. Струковно здружение, кое ја продолжи работата на првито професионално здружение на српски уметници за пластични уметности и музика. Брои повеќе од две илјади членови, креатори на различни генерации.

На изложбата на слики, скулптури и графики во организација на Здружението на ликовни уметници на Србија во соработка со Здружението на ликовни уметници на Македонија, ќе бидат изложени 55 дела.

Белег на оваа изложба е пред се аспирациите на двете здруженија и нивните членови на субјективни креативни сили да се поттикне и промовира меѓународна соработка, квалитетот и разновидноста, со размена и собирање на искуства, негување на независен сензибилитет.