Улиците низ Бутел добиваат асфалт

Екипите на ЈП Улици и патишта во текот на вчерашниот ден завршија со асфалтирање на улица 4 и три краци на улицата во населба Визбегово општина Бутел. Извршен е ископ на земјан материјал, поставен тампон слој и вградена нова асфалтна маса.

Улицата е на површина од 3.500 метри квадратни, а за асфалтирањето се употребени 600тони асфалтна маса.