Улични комбинаторики или реална политика: Петре Шилегов против Коце Трајановски за Град Скопје

На повеќе од еден месец до одржува на локалните избори двете најголеми партии сеуште официјално не ги објавуваат имињата кои што ќе влезат во градоначалничката трка. Засега низ медиумите и уличните кулоари се споменуваат имињата на пратеникот Петре Шилегов и актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

И покрај тоа што според информациите на медиумите на анкетите помеѓу граѓаните најдобар рејтинг има Стево Пендаровски, речиси сигурно е дека пратеникот Петре Шилегов  ајверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ.

При избор на кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 15 октомври, партијата ќе се води од резултатите добиени од анкетите, велат од СДСМ.

И опозициската партија сеуште не излегува со официјален кандидат за градоначалник на Скопје, но според информациите кои кружат во јавноста се чини дека сигурно решение за оваа трка е Коце Трајановски, актуелниот градоначалник на Скопје. Медиумите изминатиот период шпекулираат дека за прв човек на градот во ВМРО ДПМНЕ се споменува и Ивица Коневски, но веројатно тој ќе влезе во градоначалничка трка за општина Аеродром.

Дали ова се реални комбинаторики или пак само улични муабети ќе треба да почекаме до официјалниот рок за поднесување на партиските кандидати за градоначалници.