Улични игри во Скопје на 21 мај

Првиот скопски извиднички одред, традиционално ги организира Скопските улични игри. Деновиве започна пријавувањето за настанот кој ќе се одржи на 21-ви овој месец во Градскиот парк.

Мотото на овогодинешните игри ќе биде „Пролетни бакнежи, прегратки 2016“ а главната цел на манифестацијата е да се оживеат веќе заборавените улични игри. На игрите ќе учествуваат извидници на возраст од 7 до 13 години организирани во тимови од мешан карактер. На досегашните игри организирани од извидничкиот одред редовно се пријавуваат по повеќе од 150 извидници, кои се организирани во 4 дела.

Игрите во кои се натпреваруваат тимовите се избираат по меѓусебен договор, а за најуспешните следуваат пехари. На извидниците омилени им се фрлање на пикадо, правење балони од сапуница, стрелање со воздушна пушка, одење на раце и други.

За пријавување, секој од учесниците плаќа котизација од 50 денари со кои се покриваат трошоците за игрите, храната, превозот и пехарите. Сите заинтересирани деца можат да се пријават за учество во просториите на Првиот скопски извиднички одред.

 

 

 

cheap nike air max 90