Улицата „Иван Цанкар“ во Влае 1 обновена за 5 милиони денари

Општина Карпош ја обнови улицата „Иван Цанкар“, заедно со нејзините осум краци. Асфалтиран е коловозот во должина од 673 метри, нивелирани се шахтите и поставени се нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 1.570 метри.

„Локалната самоуправа за оваа инвестиција од својот буџет обезбеди околу 5.000.000 денари, а градежните работи ги изведуваше фирмата ‘Ексико’. Исто така, во овој дел од населбата Влае 1 заменивме преку 40 светилки, што значи дека овој реон е речиси целосно осветлен. Останати се само две светилки кои се демолирани, но во наредните два дена ќе ги санираме и нив“, објасни градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Следни за обнова на коловозот и рабниците, според градоначалнкот Јакимовски се коловозот и рабниците на улиците „Корушка“ и „Вангел Дину“.