Улица во Србија ќе го носи името Тоше Проески

Еден од најдобрите пејачи на Балканот, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, ќе добие улица во селото Јабука во близина на Панчево, јави дописникот на МИА од Белград. Предлогот доаѓа од место каде живеат голем број Македонци, улицата да го носи името на починатиот македонски пејач и е упатен до Градското собрание на Панчево.

Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден денес има голем број на обожаватели и чии песни многу често се емитуваат на радио-телевизијските станици во Србија.