Улица Македонија - Пешачка или паркинг зона?

За речиси непостоечката сообраќајна култура во Скопје сме пишувале на долго и на широко, а еден од последните примери доаѓа од едно од најфреквентините места во строгиот центар - улица Македонија. Деновиве беа објавени слики со неколку возила паркирани таму, а како што може да се види на фотографијата, едно возило влегло скоро до средина на оваа улица, која инаку би требала да биде пешачка зона.

- За вакви работи само одземање возачка, коментира еден од корисниците ФБ.

(Фото - Ѕид на сообраќајниот срам)