Украдено возило од паркинг, сопственикот ги оставил клучевите на бравата

Триесетгодишен маж од Гази Баба пријавил дека вчера од  паркинг на улица „808“ му било одземено возило од марката „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало лични документи и 12.000 денари.

Сторителот го искористил невниманието на пријавителот и со клучевите кои биле оставени во бравата го стартувал возилото и заминал во непознат правец.

На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 280.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, на сторителот и за целосно расчитување на случајот.