Украден сеф од маркет во Кисела Вода

Тешка кражба се случила ноќта меѓу 11 и 12 јуни на улицата Саша Ковачевиќ во Скопје, кога непознат сторител влегол во маркет и со специјален предмет ги исекол катанците од влезната врата на магацинот и одзел сеф.

Засега не се знае колку пари имало во сефот.