Украден пиштол од стан во Кисела Вода

Непознат сторител извршил тешка кражба во стан на ул. „Огњен Прица“, сопственост на М.Ф. (58), вчера во периодот од 10:20 до 17:00 часот.

Во билтенот на МВР, е наведено дека сторителот влегол внатре и одзел пиштол „Бровинг“ калибар 9мм, кој со дозвола го поседувал М.Ф.. После тоа сторителот избегал во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.