Украден пиштол од стан во Аеродром

Пиштол „црвена застава“ со калибар 7,65 милиметри е украден вчера од стан на булеварот „АВНОЈ“ во општина Аеродром, сопственост на С.М. (49).

Како што информира полицијата, кражбата ја извршил засега непознат сторител во периодот од 12 до 20 часот.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.