Управата за јавни приходи објави повик за учество на 17-тата аукција за продажба на движни и недвижни предмети кои се запленети од даночните обврзници со неподмирани долгови.

На аукцијата ќе бидат понудени градежни земјишта, деловни објекти, станови, автомобили, различни машини и слично.

Доколку сакате да купите автомобил, на овој оглас може да најдете:
– Форд мондео за 123.000 денари
– Опел астра за 137.600 денари
– Пежо боксер за 237.539 денари
– Мерцедес бенз за 151.161 денари
– Форд транзит за 84.000 денари
– Фиат пунто за 70.000 денари
– Форд транзит за 92.250 денари
– Сеат толедо за 230.000 денари
– Рено рапид за 65.000 денари

За повеќе информации во врска со аукцијата, кликнете тука.