УЈП продава деловен простор, градежно земјиште, цистерни, автомобили по багателни цени

Деловен простор во Кисела Вода за 178 илјади евра и деловен простор во Чаир за 41 илјади евра, градежно земјиште во Македонски брод за 27 илјади евра, цистерни за 15 илјади евра, автомобили и комбиња по цени од 800 до 1500 евра, миксери, вилушкари, еко-кожа, капачиња.

Ова се дел од работите кои преку аукција на продажба ги нуди Управата за јавни приходи (УЈП).

Аукцијата е закажана на 13 октомври.

Деталите за тоа што се продава УЈП може да видите ТУКА.