УЈП продава автомобили, камиони, солариум, камери за снимање по многу ниски цени

Управата за јавни приходи организира нова е-аукција на предмети и ствари запленети од даночните обврзници. Аукцијата ќе се одржи на 24 август 2017 година.

Нa продажба се нудат Фиат Пунто за 1.000 евра, камион Мерцедес бенз за 10.000 евра, комбе Пежо Партнер за 3.500 евра, Цитроен Берлинго за 800 евра…

Освен возила на јавната аукција се нудат и томографи, машини за дупчење, камери за снимање, машини за шиење, солариуми…

Повеќе детали за условите за учество во аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетни цени може да најдете тука.