УЈП предупредува: 1200 денари казна ако не ја земете фискалната сметка кога купувате

Две недели од Владата молк - дали  ќе го испочитува предизборното ветување и ќе го зголеми прагот за ДДВ обврзници, на физичките лица со   бруто приходи над милион денари   Од финансии велат дека уште прават анализи. Ќе излезат со детали доколку има промени.

„Го слушнавме мислењето на јавноста, особено на оние експерти кои дадоа свои изјави на телевизија. Го слушаме мислењето на јавноста, мора да се направат анализи, доколку има некаква промена најтранспарентно ќе бидете известени“, рече Јована Аврамовска, министерство за финансии.

Вчера 13 граѓански организации со експерти од даночната политика излегоа со став дека Законот е нејасен и непрецизен. Побараа да се повлече додека не се дефинираат сите детали.

 УЈП се уште нема одговор колку физички лица се ДДВ обврзници и колку дополнителни приходи ќе донесе ваквата мерка. Во меѓувреме за да се наполни буџетската каса најавуваат засилен мониторинг на издавањето на фискални сметки. Стартуваат и измените во казнената политика. Пломбираниот објект ќе може веднш да продолжи со работа ако се плати казна од 5,000 евра.

- Кога УЈП ќе изрече забрана за вршење на објектот поради неиздавање фискални сметки  – на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност ако ја плати глобата. Ако обврзникот ја плати глобата за време на траење на изречената забрана за вршење на дејност, треба да поднесе барање до УЈП и да приложи доказ за платена глоба. Во тој случај, УЈП ќе го отпечати деловниот простор и ќе му дозволи на обврзникот да продолжи со вршење на дејност.

Казни се предвидени и за купувачите. Ако не ја чуваат фискалната сметка до 15 метри од објектот, ќе платат глоба од 20 евра.