УЈП објави јавен оглас за волонтери - 80 слободни места низ цела Македонија

Врз основа на Програма за волонтирање во Управата за јавни приходи за 2019 година број 04-3633/1 од 12.06.2019 година и Одлуката за ангажирање на волонтери – студенти во Управата за јавни приходи број 04-3634/1 од 12.06.2019 година, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати - студенти за волонтирање во
Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од ангажирање на волонтери - студенти, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати - студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените науки, природно – математичките науки, техничко – технолошките науки и хуманистичките науки и имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутери MS Windows, MS Office, односно познавање од мобилни оперативни системи (Android, IOS) и мобилни кориснички апликации, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици и тоа:

Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи:Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 01 Јули до 30 Септември 2019 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.

1) Потврда за статусот на студент и 
2) Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.

Документите се доставуваат во писарницата (архивата) или преку пошта на следната адреса:

Управа за јавни приходи
Генерална дирекција Скопје
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје
Со назнака: „За Јавен повик за волонтирање во УЈП“

Рокот за доставување на документите изнесува три (3) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на веб страницата на УЈП, заклучно со 18.06.2019 година.

По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши комисија формирана од директорот на Управата за јавни приходи врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.

Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.