УЈП ќе ги подобрува услугите со контактен центар

Контактен центар во Управата за јавни приходи, со цел намалување на административниот товар на даночните обврзници како и подобра комуникација со своите клиенти. Ова е само дел од мерките кои ги предвидува новата програма на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сервисите за граѓаните. 

Контактниот центар ќе има за цел да ги поедностави и скрати процедурите со кои даночните обврзници се соочуваат секојдневно. Истиот ќе биде воспоставен по највисоки стандарди и спроведен со најсофистицирани информациско-комуникациски методи. Ваквиот пристап ќе овозможи непосредна, брза и ефикасна комуникација помеѓу даночните обврзници и управата. Ќе се отворат нови простории во кои ќе бидат сместени шалтери на кои граѓаните ќе можат да се обратат за информации и помош. 

Покрај тоа, предвидено е и отворање на простории - приемни канцеларии кои ќе бидат отворени за консултации за правните и физички лица. Проектот се предвидува да се спроведе во најбрз можен рок, односно септември 2017 година.