УЈП: До 15 март е краен рок за поднесување на Годишна даночна пријава


Апелираме граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15 март) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери, објави денеска Управата за јавни приходи.

„Заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350.000 даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи 

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира..., односно е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот на УЈП, на новата локација во зградата на Регионална дирекција Скопје (улица11 Октомври бр. 27, 1000 Скопје). Годишната даночна пријава можете да ја поднесете и по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП.