УХМР: За викендот дожд и пад на температурата

Пад на температурите и дожд кој ќе биде поинтензивен во западните и северните делови со 15 литри на метар квадратен се очекува за викендот.

Според најавите од УХМР дневната температура во недела ќе се движи од 6 до 11 степени.

Утре и во петок ќе се задржи стабилно и топло време со услови за слаба утринска магла по котлините. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран, кој ќе услови зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.