УХМР: Викендот ќе донесе нови врнежи од снег и дожд

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви период, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег. Утринската температура ќе се движи од -14 до -5, а дневната од 2 до 7 степени.

Во сабота, особено попладне на повисоките места ќе има врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Во недела не очекува стабилно време што ќе донесе сонце и повисоки температури во новата работа седмица.