УХМР: Викендот ќе донесе мирно и стабилно време со ниски температури

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 0 до 4 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и со слаб до умерен северен ветер.Дневната температура ќе достигне до 1 степен.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање и насекаде под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Нови врнежи од снег и дожд се очекуваат од понеделник во вечерните и ноќните часови и во вторник, но ќе бидат локални и со послаб интензитет.