УХМР со вонредна временска прогноза за 1 мај

Утре ќе преовладува претежно облачно време со повремен слаб дожд, особено претпладне и со температури од 14 до 18 степени, информираат од УХМР.

Во сабота ќе биде претежно стабилно и потопло со температура од 18 до 25 степени.

Нови врнежи на дожд ќе има во недела попладне, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, особено кон крајот на денот и во ноќните часови. Температурата ќе биде  меѓу 18 и 24 степени.

Врнежи ќе има и во понеделник попладне, а поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта кон вторник кога локално се очекува да наврнат и над 50 литри на метар квадратен. Температурата ќе се движи од 16 до 22 степени.