УХМР со вонредна временска прогноза

До четврток во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за повремени слаби врнежи од снег. Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Од четврток кон крајот на денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе изразен ќе биде долж Повардарието во југоисточните делови на земјава.

Инаку, времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.