УХМР со вонредна временска прогноза

Посвежо време и пониска температура се најавува од петок. Дневните температури од петок ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 1 до 7 степени во петок, од 1 до 6 во сабота и од 0 до 5 степени во недела. Времето ќе биде променливо облачно и посвежо.

Денеска попладне и во текот на ноќта Македонија ќе биде зафатена од краткотраен, но интензивен влажен бран и ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во останатите делови.

На високите планини врнежите ќе бидат од снег. На места во крајните источни и западни делови ќе наврнат околу 20 литри на метар квадратен, а во останатите делови најчесто околу 10 литри. Локално врнежите ќе бидат поројни и ќе има и услови за појава на грмежи, особено во јужните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на високите планини повремен снег, почесто до претпладневните часови. Ќе има услови за појава на грмежи, особено во југоисточните делови.