УХМР со предупредување – нова промена на времето

Времето во земјава денеска е сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. УВ=7

Дневната температура се движи до 30 степени.

Денеска следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Инаку според најновите направени анализа за оваа есен и тоа со помош на најпрецизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за средно – рочна прогноза) укажуваат на тоа дека месеците септември, октомври и ноември ќе бидат многу влажни односно врнежите ќе бидат значително над просекот од вообичаеното за тие месеци. Се очекуваат формирања на чести циклонски системи кој кај нас но и во регионот ќе условуваат многу врнежи со што постои опасност од ПОПЛАВУВАЊА. Повремено се очекуваи развој на олујни системи кој би условувале поројни врнежи, силни громови како и појава на град, информира Славчо Попоски.

Најголеми услови за ова има токму кај нас во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина како и во соседна Србија.

Слична анализа за оваа есен објави и ACCUWEATHER во која најавува дека Балканот и Македонија оваа есен ќе бидат на удар на силни бури и поплави. Во иднина исто така ќе има зачестување на временските непогоди кај нас и ќе стануваат се посилни.