УХМР со нова прогноза за времето

Времето денес ќе биде променливо облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Во вечерните часови облачноста ќе се намали. УВ=5 Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24 степени.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Маврово, Дебар, 2 Пожаране, 3 Тополчани, 6 Прилеп, 13 Крушево.Во Скопје температура од 20 °C.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и нешто потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои повремено ќе бидат со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови. Во вторник и среда врнежите ќе бидат полокализирани и со послаб интензитет.