УХМР со детална временска прогноза за утрешниот неработен ден

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Минимална температура ќе изнесува од минус пет до три степени, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од североисточен правец. Минимална температура ќе се движи од нула до седум степени, а максималната од седум до 12 степени.