УХМР предупредува: Топењето на снегот може да направи и проблем

Нивото на Охридското Езеро е за 4 сантиметри под дозволената минимална кота, а водостојот на Вардар во Јегуновце и Скопје е повисок од вообичаените максимуми за февруари, додека кај другите реки е понизок, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму предупредуваат дека  во следниот период, поради топење на снегот во рамниците е можна појава на заезерени површини, особено во делови на Пелагонија, Струмичко Поле, Кумановско и Скопско Поле.