УХМР: Поројни врнежи од дожд и силен ветер во текот на ноќта

Управата за хидрометеролошки работи, попладнево објави вондредно метеролошко предупредување. Во него се вели дека денес попладне почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Според прогнозите од УХРМ, Ттре времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.