УХМР најави промена на времето

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, почести на истокот од земјава, а по котлините ќе има појава на магла. Денес и утре претежно во јужните делови ќе има услови за провејување на слаб снег.

Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно во западните делови.

Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.